ноември 23, 2024

Во тек изборот за екипаж за „Артемис 2“

Во првата половина на оваа година, НАСА ќе го избере екипажот од четири лица за својата програма „Артемис“ за праќање на астронаути на Месечината, првпат по 50 години.

Закажана за 2024 година, „Артемис 2“ ќе биде првата мисија на програмата, со цел заобиколување на Месечината со летало и посада, летајќи подалеку во вселената од кој било човек од програмата „Аполо“, на пр., и така отворајќи го патот за екипажот на „Артемис 3“, т.е. слетување со луѓе на Месечината во 2025 година. Полетувањето најверојатно ќе се случи во вселенскиот центар „Џонсон“ на НАСА во Хјустон. Сè тоа ќе чини околу 100 милијарди долари.

Процесот на избор на екипажот е таен. Освен што ја објави националноста на астронаутите – тројца Американци и Канаѓанец, НАСА не соопшти ништо друго. Oдредувањето тим за вселенските мисии отсекогаш било тајно и датира од 1950-тите, иако денес критериумите можеби се променети.

Според познавачите, на врвот на листите со прогнози, е Рид Вајсман – 47-годишен одликуван авијатичар, кој првпат беше избран за астронаут на НАСА во 2009 година. Ако се избере Вајсман, белец – тоа би значело дека, најверојатно, преостанатите ќе бидат барем една жена и еден Афроамериканец.

Read Previous

Зошто јогуртот Баланс+ е корисен за постигнување баланс во целиот организам?

Read Next

Османи – Ќучук: Потребно е враќање на позитивната динамика во односите меѓу Скопје и Софија