ноември 23, 2024

Спасовски: Нема поединец во оваа држава којшто може да биде посилен од државата

Нема поединец во оваа држава којшто може да биде посилен од државата. Од која партија сака нека е, макар и од Левица.

На конкретното прашање, дали раководам со партиска или државна полиција ќе ви кажам: Раководам со Министерството за внатрешни работи, институција којашто според закон и според сите норми кои што се на сила, не може да биде партиска. Таа е избрана во македонскиот парламент, од претставници на граѓаните на Република Северна Македонија и тука врз основа на волјата на мнозинството пратеници сум избран како раководител на министерството и сум должен да работам спрема сите еднакво. Ако требат да бидат заштитетни, тогаш ќе бидат сите еднакво заштитени, ако треба да носат одговорност, да носат одговорност.

Read Previous

Ковачевски на средба со вонпарламентарните коалициски партнери – тема поддршката за граѓаните во справување со кризата

Read Next

Милков: Софија со нота ќе бара безбедност за Бугарите кои ќе отидат во Скопје за годишнината од раѓањето на Делчев