ноември 23, 2024

Ковачевски ќе ја предводи делегацијата на Владата на 4 февруари во Свети Спас

Владината делегација која ќе присуствува во црквата „Свети Спас“ во Скопје и ќе положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев по повод денот на неговото раѓање, 4 февруари, ќе биде предводена од премиерот Димитар Ковачевски.

Во делегацијата ќе бидат првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерката за одбрана Славјанка Петровска и министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, одлучи Владата на денешната седница.

Во врска со одбележувањето на 4 февруари, Денот на раѓањето на Гоце Делчев, Министерството за внатрешни работи е задолжено да ги преземе сите мерки за обезбедување на реализацијата на настанот, согласно препораките од надлежните служби соопштени на вчерашната седница на Советот за безбедност, соопшти Владата.

Read Previous

Пет години од првото поздравување на Заев и Ципрас: За помалку од шест месеци решија тридецениски спор

Read Next

Пензионерите ќе добијат пензии од 30 јануари