ноември 22, 2024

Варшава побара од Берлин дозвола да ги достави своите тенкови Леопард во Украина

Полскиот министер за одбрана денеска изјави дека побарал од Германија одобрение за Полска да испорачува тенкови Леопард на Украина. „Германија веќе го доби нашето барање да го прифати трансферот на тенковите Леопард 2 во Украина“, напиша Мариуш Блашчак на Твитер. Тој го повика и Берлин да им се придружи на земјите кои ја поддржуваат Украина со предавање на тенковите.

Германската министерка за надворешни работи, Ана Баербок, вчера изјави дека Германија „нема да ѝ застане на патот“ на Полска доколку таа земја сака да испрати тенкови „Леопард 2“ во Украина. Украина ги повика западните земји да и ги испратат овие тенкови од германско производство, за кои верува дека ќе ѝ помогнат да ја порази Русија на бојното поле.

Read Previous

Мицкоски: Никој нема добиено мандат на избори да го менува Уставот

Read Next

Динамо уверува дека Ариан Адеми останува на Максимир