ноември 22, 2024

Бегај: Тирана го поддржува Косово во зачувувањето на територијалниот интегритет

Албанскиот претседател Бајрам Бегај изјави денеска дека Тирана цврсто стои на страната на Косово и се залага за „зачувување на неговиот територијален интегритет“, соопшти Јуронујз на албански јазик.

-Во текот на цела година и на крајот на декември минатата година се соочивме со многу деликатна ситуација на северот на Косово, што не придонесува за регионалниот мир и стабилност. Албанија стои покрај Косово и се залага за зачувување на неговиот територијален интегритет, рече Бегај.

Албанскиот претседател додаде дека Тирана ја цени улогата и придонесот на мисијата КФОР во гарантирањето на мирот и безбедноста.

-Го поддржуваме и охрабруваме дијалогот меѓу Србија и Косово, со посредство на ЕУ и САД, за да се постигне конечен договор што ќе доведе до меѓусебно признавање, рече Бегај.

Read Previous

Милан, испрати богата понуда за Николо Заниоло

Read Next

Сакате чоколадо? Научниците конечно открија зошто