ноември 22, 2024

Агелер ја поздрави посетата на Османи во Софија

Поддршка за политиките кои ги води министерот за надворешни работи Бујар Османи за поддршка на малцинските заедници во земјава даде амбасадорката на САД Ангела Агелер во интервју за телевизија Телма.

Во разговор за актуелните случувања со бугарските малцинства Агелер го поздравува потегот на министерот Османи, неговата посета на Р. Бугарија разговорите со колегите за истото прашање.

„Го поздравувам министерот за надворешни што отиде во Софија и што разговараше со тамошното Министерство за надворешни работи и со други лидери, за тоа како да се поддржат малцинските заедници овде во Северна Македонија, и како двете држави да постигнат напредок во надминувањето на било какви точки на притисок помеѓу двете влади, за да можат луѓето од оваа земја да го продолжат напредокот во нивните европски аспирации“, рече Агелер за Телма.

Во однос на политичката атмосфера меѓу Република Северна Македонија и Бугарија, Агелер смета дека политичките лидери мора да ја смират и да водат рационални и смирени разговори со цел да се постигне консензус во Собранието меѓу политичките партии за гласање на уставните промени. Сегашните состојби смета амбасадорката дека не треб ада бидат пречка кон напредокот кон ЕУ.

„Луѓето во државата, вашите гледачи, секој ден можат да ги видат тие конфликти, и ескалацијата кај дел од дијалогот што ја сведочиме помеѓу оние во Софија и овие овде. Мислам дека е од критична важност тие разговори да се смират, лидерите од двете страни на границата да можат да дискутираат смирено и рационално, за тоа кој е патот напред, во врска со некои од овие проблеми кои ги видовме помеѓу различни индивидуи и заедници. Тоа е од критична важност. Но, дали тоа треба да го запре, или дури и да го одложи напредокот кон ЕУ? Не мислам дека треба“, изјави Агелер.

Read Previous

Новиот Ковид сој „Кракен“ регистриран и во Македонија, надлежните велат нема простор за паника

Read Next

Милан, испрати богата понуда за Николо Заниоло