ноември 23, 2024

Новиот Ковид сој „Кракен“ регистриран и во Македонија, надлежните велат нема простор за паника

Откриен првиот случај на новата варијанта на Ковид – „Кракен“. Институтот за Јавно здравје соопшти дека „кракенот“ е детектиран кај пациент од Гевгелија на примерок кој е земен на 11 јануари. Извршени се испитувања на вкупно 32 примероци од целата држава.

Но простор за паника нема. Претседателот на Комисијата за заразни болесни др. Петличковски уверува дека станува збор за варијанта која, барем според досегашните сознанија, не е опасна како претходните мутации кои во одредени периоди го блокираа македонскиот здравствен систем.

-Добро е што сите податоци што ги имаме укажуваат дека повторно се работи една варијанта која предизвикува благи симптоми и не очекуваме неговото ширење нешто драстично повторно да го оптерети здравствениот систем.

„Значи нема простор за загриженост помеѓу македонските граѓани?“

-Не. Нема простор за загриженост, рече Петличковски во „Тема на денот“ на Сител во четвртокот.

„Кракенот“ за првпат се појави во Америка, а на европско тло почна да се шири на почетокот на овој месец. Варијантата досега е регистрирана во речиси сите западно-европски држави.

Станува збор за варијанта која се шири побрзо од Омикронот поради „способноста да ја избегне заштитата на имуниот систем од претходни инфекции или вакцинација“.

Според Белата Куќа, за само неколку недели присутноста на оваа варијанта се зголемила од 4 на 40 отсто.

Според пишувањата на западните медиуми, Кракен е индикатор дека Ковид-19 продолжува да евоулира три години откако за првпат се појави во Кина и кој беше причина за „затворање“ на светот.

Read Previous

Во домот на Бајден се пронајдени уште шест доверливи документи

Read Next

Агелер ја поздрави посетата на Османи во Софија