ноември 25, 2024

ПСЖ доби забрана од ФИФА да позајмува играчи

Францускиот шампион ПСЖ доби забрана од ФИФА да позајмува играчи во зимскиот преоден рок поради достигнување на лимитот. Парижаните треба да го намалат буџетот за платите и тоа се обидоа да го направат токму со испраќање играчи во други тимови, пренесува „Л’Екип“.

ПСЖ ги испратија Џорџинио Вајналдум во Рома, Мауро Икарди во Галатасарај, Јулијан Дракслер во Бенфика, Абду Дијало во Лајпциг, Левин Курзава во Фулам, Андер Ерера во Атлетик Билбао, Колин Дагба во Стразбур и Леандро Паредес во Јувентус.

По забраната на ФИФА, единствениот начин на кој ПСЖ може да „отвори“ пари и да го намали буџетот за плати е да продава играчи, како што направи со Пабло Сарабија, кој се пресели во Вулверхемптон.

Голманот Кејлор Навас има една од највисоките плати во клубот и најверојатно ќе биде продаден откако одигра само еден натпревар оваа сезона./Makfudbal/

Read Previous

Србија нема да се противи на членството на Косово во меѓународни организации, „Данас“ го објави Француско-Германскиот педлог

Read Next

Започнува нова ера за Нетфликс