ноември 22, 2024

Бразилка роди бебе тешко 7,3 килограми

Клеидијана дос Сантос го родила синот Анџерсон на 18 јануари со царски рез. Таа била хоспитализирана во болницата Падре Коломбо во Паринтинс на рутинска консултација, но лекарите потоа сфатиле дека бебето е преголемо за мајката да го носи до полнолет, па ја породиле со царски рез.

Анџерсон е во инкубатор и тешко 7,3 килограми и долго 59 сантиметри, се верува дека е најголемото бебе родено во Амазонас, една од 26-те сојузни држави во Бразил. И мајката и детето се во добра здравствена состојба, пишува Daily Mail.

Во Бразил рекордот за најголемо бебе го држи Адемилтон дос Сантос, кој е роден со царски рез во 2005 година. Тој тежел 8 килограми. Најголемото бебе некогаш родено е Ана Бејтс. Во Италија во 1955 година е родено девојче тешко 10,2 килограми.

Read Previous

Мачу Пикчу е затворен за туристи на неодредено време поради протести

Read Next

(ВИДЕО) Цензура или слобода на говор? Информативен мрак ја покри Русија