ноември 22, 2024

За Бентли нема криза, постигна рекордна продажба

Бентли е последниот производител на луксузни автомобили кој соопшти дека постигнал рекордна продажба, јави ДПА.

Компанијата со седиште во Кру, јужно од Манчестер, соопшти дека минатата година испорачала 15.174 автомобили.

Тоа е 4 проценти повеќе отколку во 2021 година, и е поттикнато од рекордната побарувачка во Америка, Европа и Азија-Пацифик.

Ролс-Ројс вчера соопшти дека постигнал рекорд со испорака на 6.021 автомобил минатата година, што е зголемување од осум отсто на годишно ниво.

И други брендови на луксузни автомобили како Бугати постигнаа добра продажба за време на епидемијата на коронавирусот.

Доказ за добрата состојба со продажбата на луксузни автомобили е примерот на компанијата Ламборгини (Lamborghini), која во август соопшти дека ги предпродала своите автомобили до почетокот на 2024 година.

Read Previous

Футбалската Федерација на Бразил испрати официјална понуда до Анчелоти

Read Next

Радев: Нападот врз Пендиков е резултат на систематските кршења на правата на Бугарите во Северна Македонија