ноември 24, 2024

Основните и средните училишта  со евтина струја да ги греат училниците

Советникот за енергетика во Владата, Виктор Андонов, во неколку наврати ги потсети образовните институции да се јават на огласот кои што истекува денес, да не го пропуштат рокот, бидејќи тоа е единствената можат да користат струја по субвенционирана цена.  -Заеднички интерес е децата да имаат непречена настава и топли училници, а училиштата да имаат помали сметки за електрична енергија, рече Андонов и  оцени дека годинава започна со стабилно домашно производство на електрична енергија, а неколку дена по ред во јануари, како што кажа, ЕСМ произведува и продава ноќни вишоци на електрична енергија

Утре, петок 20 јануари, истекува рокот за пријавување за снабдување со субвенционирана електрична енергија на основните и средните училишта, што од 1 февруари треба да почнат да ја користат. Советникот за енергетика во Владата Виктор Андонов во неколку наврати ги потсети овие образовни институции да се јават на огласот, да не го пропуштат рокот, бидејќи тоа е единствената можат да користат струја по субвенционирана цена.

-Заеднички интерес е децата да имаат непречена настава и топли училници, а училиштата да имаат помали сметки за електрична енергија, рече Андонов на прес-конференција во Владата.

Тој оцени дека годинава започна со стабилно домашно производство на електрична енергија, а неколку дена по ред во јануари, како што кажа, ЕСМ произведува и продава ноќни вишоци на електрична енергија.

-За периодот од 12 до 17 јануари продадени се вкупно 1.980 мегават-часови на електрична енергија, како ноќни вишоци  во јавна и транспарентна постапка спроведена од ЕСМ. Енергетскиот биланс на 17 јануари 2023 година, пак, покажува дека вкупното производство на електрична енергија изнесува 17.752 мегават-часови од кои 13.801 мегават-час се произведени од термоелектраните, додека 3.951 мегават-час електрична енергија се произведени од обновливи извори на енергија. Продадени се ноќни вишоци на електрична енергија од 330 мегават-часови. Со овие количества целосно се задоволени  потребите на домаќинствата и малите потрошувачи – вели  Андонов и дополни дека од ова производство се задоволени и потребите за болниците, училиштата, јавните претпријатија, компаниите од прехранбениот сектор и другите објекти од витална инфраструктура во земјата кои како дополнителна обврска за снабдување со електрична енергија по субвенционирани цени ги доби ЕСМ Снабдување.

За Андонов исклучително важно е да има стабилен енергетскиот систем, што е клучен услов за полесно справување со енергетската криза, но и обезбедување на субвенционирана цена на струјата.

-НЕОПХОДНО Е СИТЕ ДА ПОКАЖЕМЕ СОЛИДАРНОСТ, ОДГОВОРНОСТ И РАЦИОНАЛНО КОРИСТЕЊЕ НА РЕСУРСИТЕ. ВЛАДАТА ОБЕЗБЕДИ УСЛОВИ ВИТАЛНИТЕ ДРЖАВНИ СЕКТОРИ, КАКО И ТАРГЕТИРАНИТЕ СЕКТОРИ СО ЦЕЛ НАМАЛУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ НА ОСНОВНИТЕ ПРОИЗВОДИ ДА СЕ СНАБДУВААТ СО ПОЕВТИНА СУБВЕНЦИОНИРАНА ЦЕНА НА ЕЛЕКТРИЧНАТА ЕНЕРГИЈА, ПОСОЧИ АНДОНОВ.

Од декември лани, субвенционирана електрична енергија користат 233 јавни основни и средни училишта од сите градови од вкупно 474 на територијата на државата, 50 јавни претпријатија од областа на водоснабдувањето и одведувањето на отпадни води од вкупно 70, како и 235 субјекти, физички и правни лица, од областа на прехранбениот сектор.

Во согласност со одлука на Владата, компаниите кои вршат производство на основни прехранбени производи како масло за јадење, леб и пекарски производи, брашно, млеко и млечни производи, месна и живинарска индустрија  добиваат субвенционирана електрична енергија преку „ЕСМ продажба“ по цена од 80 евра за мегават-час,а за основните и средните училишта субвенционираната цена е по 95 евра за мегават-час исто како и за јавните претпријатија од областа на  водоснабдувањето и одведувањето на отпадни води кои работат со пумпни и пречистителни станици.

извор:Вечер

Read Previous

Мицкоски: Полукриминални групи вршат притисоци врз пратеници кои сакаат предвремени избори

Read Next

Приведено едно лице од тетовска Шипковица, полицијата пронајде поголема количина оружје и муниција