мај 19, 2024

Автомобил целосно изгоре во Центар

Во пожар вечер целосно изгоре автомобил „опел астра“ со скопски регистарски ознаки. Повредени лица и штета на други возила нема.

Од МВР за МИА информираат дека вечерва во 20.05 часот добиле пријава дека на булевар „Кочо Рацин“, во близина на ОУ „Димитар Миладинов“ во Скопје има пожар – гори возило.

Полициски службеници излегле на местото на настанот при што е констатирано дека лицето Т.С. (21), додека го управувал моторното возило „опел астра“, од под хаубата почнало да излегува чад, а потоа за кратко време возилото целосно изгорело.

Пожарот е локализиран од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје (БППЗ)

Read Previous

Пред 31 година Бугарија прва ја призна независноста на Македонија

Read Next

Поплавен дуќан на главната улица во Велеc