За парцела на тетовец која била проценета на 50 илјади евра во 1988 година, и му била одземена за да се изгради булеварот Илирија во Тетово, општината треба да плати 1 милион евра. Се започнало во далечната 1988 година кога сопственикот на парцелата ја тужи Општината за ниската проценета цена, објави Алсат.
Поради неажурност на судските органи во Тетово, предметот се одолговлекува од 1988 до 2016 година, кога конечно било донесено решението во корист на сопственикот на парцелата.
Градоначалникот на Тетово, Билал Касами, се сомнева дека се работи за организирана криминална група. Ова од причина што и покрај тужбите поднесени против повеќе лица, и жалбата на решението до Апелациониот суд во Гостивар, 11 месеци нема одговор.
Целата вест на Алсат.