септември 21, 2024

Ковачевски: Најрадосниот христијански празник да го дочекате во радување, сплотени

Утрово убавата коледарска песна ни донесе радост во домот. Ова се убави денови во кои е испреплетена традицијата, љубовта, верба во добрината, милостивоста, напиша на својот фејсбук профил, премиерот Димитар Ковачевски.

– Честит Бадник! Најрадосниот христијански празник да го дочекате во радување, сплотени, со желба оваа година да бидеме сите ние подобри и поуспешни и да придонесуваме заеднички за напредок на земјата, стои во неговата објава.

На видеото во објавата премиерот пречека неколку коледарчиња кои ја пееја коледарската песна пред неговиот дом.

Read Previous

Поставете сообраќајна сигнализација на преминот на пругата кај „Порцеланка“, побара градоначалникот на Чашка

Read Next

СДСМ бара вонредна седница на Советот на Град Скопје поради загадениот воздух (ВИДЕО)