ноември 25, 2024

Безбедносните служби спречиле терористички напад на бомбаш самоубиец во Македонија!

Терористички акти кои се подготвувале на одредени локации во државата, како и напад врз комерцијален објект со користење на експлозивен појас кај нас и во станство, биле спречени од страна на Агенцијата за разузнавање во соработка со домашните безбедносни институции и партнерските разузнавачки служби од држави-членки на НАТО во изминатите три години, велат од Агенцијата за Радио Слободна Европа.

Прв пат за овие закани јавноста дозна од претседателот Стево Пендаровски кој во новогодишното обраќање во Собранието на крајот на декември рече дека по добиените податоци од НАТО, во најмалку три наврати, изминативе години биле пресретнати терористички напади во подготвителните фази кои се одвивале надвор од нашата територија.

Детали за нападите, во кои држави се подготвувале и која била наивната цел, Пендаровски не кажа, туку само дека Алијансата, чија членка е земјава од март 2020 година, активно помага во делот на хибридни закани и на заканите од тероризам, пред сѐ поврзани со повратниците од војните на Блискиот исток.

Целиот текст на Радио Слободна Европа

Read Previous

Мицкоски: Владата на ДУИ/СДСМ за два дена потрошила 73.000.000 денари за увоз на струја

Read Next

Дaли да се палат бадникарски огнови: Подобро да му се помогне на некој чиј дом е студен бидејќи нема пари да си купи огрев и кој нема доволно храна за своите деца