ноември 25, 2024

Евроамбасадорот Гир со порака до политичарите: Реформи, борба против корупцијата и подобрување на стандардот на граѓаните, тоа се приоритетите

Евроамбасадорот во Скопје Дејвид Гир испрати порака до сите политичари во нашата земја. Како што вели тој, главната порака се реформите, кои опфаќаат широк опсег на прашања, од владеењето на правото, борбата против корупцијата, подобрување на стандардот на живеење. Токму во овие полиња мора да се работи најмногу и најпосветено. Гир порачува дека иако овие процеси треба да ги предводи Владата, сепак сите политичари, без разлика од која партија доаѓаат, мора да работат заеднички во интерес на државата и исполнувањето на критериумите и услови за влез во Европската Унија.

-Тоа е работа која треба да ја предводи Владата, но исто така е нешто што мора да ги обедини сите, од сите политички страни, од сите страни на општеството,  да се обединат, заеднички да работат, да се постигне демократска, мирна и просперитетна земја во рамките на ЕУ, вели амбасадорот Дејвид Гир.

Оваа порака тој ја испрати како одговор на новинарско прашање во Делчево, каде заедно со „Банката за храна“, поделија пакети со прехранбени производи за 30-тина социјално загрозени семејства.

Read Previous

Директорот на затворот во Струга му дал продолжен викенд на Мијалков да ја прослави Новата година

Read Next

Дерала: Повикувањето на предвремени парламентарни избори е неодговорно