ноември 25, 2024

Го преземавме претседателството со ОБСЕ – Кои се приоритетите на претседавачот Бујар Османи?

Северна Македонија официјално од 1 јануари го презема претседателството со ОБСЕ во исклучително компликувани геополитички односи на земјите членки. Според многумиа, ова е жежок костен во рацете на Османи и Северна Македонија, но и можност земјата да се промовира на меѓународен план, да биде во тек и да влијае на клучните меѓународни процеси и да обезбеди пошироко и подобро позиционира во однос на сите идни меѓународни комуникации и политики. Претседавачот Османи во видео обраќање на кажа дека мотото на македонското претседателство е „За луѓето се работи“. Тој истакнува дека во услови на војна во регионот на ОБСЕ ќе се фоксира на смирување на тензиите, обновување на довербата просперитетот и севкупната безбедноста на луѓето.

На официјаната страна на ОБСЕ веќе се поставени првите пораки на Османи и дел од приоритетите.  „Нашиот план е да подадеме рака и да им подадеме рака на населението погодено од конфликти, но и на другите на кои им е потребна. Го гледаме ОБСЕ како важен фактор во ублажувањето на кризата и поддршката на мирот“ – меѓу другото вели Османи.

ОБСЕ како организација веќе со години се соочува со криза а во моментот не е донесен и буџетот на организацијата. Но, ова не го обесхрабрува Османи кој вели дека ќе се вложи максимално да ги оправда очекување, да ги одблокира процесите бидејќи ОБСЕ е многу значаен за севкупната стабилност во рамки на регионот кој го опфаќа од 57 земји членки. Османи вели дека строго ќе ги почитува вредностите и заложбите на организацијата.

„Во овие критични времиња за европската безбедност и стабилност, активностите на Северна Македонија како претседавач ќе бидат водени од строго почитување на принципите и заложбите на ОБСЕ. Заштитата на вредностите на ОБСЕ и почитувањето на меѓународното право мора да бидат заеднички приоритет. Секоја земја членка треба да биде одговорна и да се држи до принципите на организација. Ова е формулата за патот напред“ – вели Османи.

Претседавачот со ОБСЕ на Северна Македонија, исто така, ќе се фокусира на поддршка на одржливиот економски раст и еколошката соработка, кои се од суштинско значење за човековата безбедност и од витално значење во стремежот за мир и просперитет за луѓето во регионот на ОБСЕ. Ќе ги поддржува човековите права и ќе промовира толеранција и недискриминација како предуслови за сеопфатна безбедност.

Министерот Османи официјално ќе го инаугурира претседавањето со Северна Македонија и ќе ги изнесе нејзините приоритети на состанокот на Постојаниот совет на ОБСЕ во Виена на 12 јануари 2023 година.

извор:Zoom

Read Previous

Билал Суџубаши, главен извршен Директор на Халкбанк: И покрај кризата, банкарскиот сектор беше потпора на економијата и населението

Read Next

Велика Британија целосно го прекина увозот на руски течен гас