Претседателот Стево Пендаровски, упати честитка до граѓаните на Република Северна Македонија.
„Државата е домот што можеме да го градиме само заедно, сплотени околу визијата за хумано, праведно и просперитетно општество во кое ќе има место за сите. За да ја достигнеме заедничката цел кон која се стремиме уште од почетокот на македонската независност, потребна ни е посветеност и надеж дека ќе биде подобро. Во Новата 2023 година, ви посакувам радост во срцето, мир во душата и надеж во животот, а со нив и многу здравје и успех на секое поле“ , се наведува во честитката на претседателот Стево Пендаровски.