France’s Adrien Rabiot answers a question during a press conference at the Jassim Bin Hamad stadium in Doha, Qatar, Wednesday, Dec. 7, 2022. France will play against England during their World Cup quarter-final soccer match on Dec. 10. (AP Photo/Christophe Ena)
Скаутите на Јуве бараат замена за францускиот фудбалер Андриен Рабио, кој има договор со торинскиот клуб до јуни следната година. Тој веќе најави дека не сака да остане во Јувентус, бидејќи планира без обештетување да ги напушти „црно-белите“ од Торино. Челниците на Јувентус се заинтересирани за фудбалерот на Лестер, белгискиот репрезентативец Јури Тилеманс, пренесуваат италијанските медиуми.
Тилеманс (25) има договор со Лестер до крајот на сезоната, а за белгискиот фудбалер покрај Јувентус интерес покажаа и Арсенал и Манчестер Јунајтед.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус верувa како Тилеманс би бил идеална замена за Рабио. Белгиецот пристигна во Лестер во 2019 година, а претходно играше за Монако и за Андерлехт. За белгиската репрезентација постигна пет гола на 58 натпревари.