ноември 24, 2024

Бектеши: Нема веќе леб од 52 денари и зејтин од 160 денари!

Според министерот за економија, Крешник Бектеши, веќе има намалување на цените на основните производи во маркетите и тоа се одвива во рамки на очекувањата на Владата во опсег од 7 до 13 проценти.

-Благо поевтинување мислам дека веќе има. Нема веќе леб од 52 денари за што се правеа драми тука во Медија центарот на Владата. Веќе и „Жито Лукс“ почна да ги намалува цените, а одредени производители веќе неколку недели ги намалуваат. Маслото за јадење не е веќе 150 денари, ниту 160 денари. Може да се најде и под 100 денари во одредени маркети. Ние секогаш сме кажувале дека очекуваме во месец декември да има намалување од 7 до некаде 12 максимум 13 отсто и ако одиме по листата на производите, кои се во одлуката да направите споредба ќе видите дека таков процент на намалување има. Ние сме биле многу отворени, транспарентни посебно спрема граѓаните и не сме кажале дека ќе има намалување од 50 отсто, 70, 80 отсто за месец декември. За месец јануари се прават калкулациите и од компаниите и од стопанските комори и секако дека очекуваме да има дополнително намалување. Колку ќе биде тоа намалување ќе ве известиме навремено откако ќе ги завршиме консултациите со сите стопански комори, вели Бектеши.

Read Previous

Приведен командир, заменик командир и шест полицајци на граничниот премин Табановце во синоќешната акција

Read Next

Охрид блесна во сиот свој сјај! (видео)