ноември 24, 2024

Со ниту еден вработен 10 македонски фирми свртеле 270 милиони евра

Во Македонија, во 2021 година имало 5.985 фирми со нула вработени, или без податок на вработени, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика, пишува порталот „Пари“ во својата аналиѕа. Како што е објавено од ДЗС информираат дека ова се 8,2 проценти од активните деловни субјекти (72.922). Податоците покажуват и дека има тренд на намалување на вакви фирми, па во 2020 година ги имало 6.036, во 2019 година 7.565, во 2018 година 8.221…

Да се има фирма со нула вработени не е непозната работа во светот. На пример, веб-страницата Businessnes.com, која има за цел да им помогне на луѓето ширум светот да отворат свој бизнис, наведува 30 бизнис-идеи каде без вработени може да се заработи. Меѓу нив се: фотограф, сервис за автоматско перење на возила, социјални медиуми, изнајмување на недвижности, истражувачка агенција…

Познавачите објаснуваат дека кај нас фирми без вработени има од три причини. Има мали фирмички каде се јавува само управител кој и не е вработен, затоа што станува збор за мал бизнис, кој така му е најисплатлив. Има големи групации, па дури и меѓународни корпорации, кои во својата фирма-ќерка немаат потреба од вработени, односно доволен е управител, и има фирми кои практично и не функционираат, но сѐ уште не се избришани од Централниот регистар, и затоа се водат како фирми со нула вработени, или без податоци за вработените. Но, во бројките на Државниот завод за статистика не се внесени тие фирми, односно направена е анализа на бројот на вработените само кај активните деловни субјекти. Но, секако, никаде во светот не е исклучено да постојат фирми со нула вработени затоа што тие фирми служат за поинакви цели, а не за деловно работење.

Во Македонија, во 2021 година, на долгата листа на компании со нула вработени имало приходи сѐ до над 100 милиони евра.

Превземено од Pari.com.mk

Read Previous

Битиќи: Да ги кажеме со име и презиме оние кои ни го рушат колективното добро

Read Next

Приведен командир, заменик командир и шест полицајци на граничниот премин Табановце во синоќешната акција