Амбасадата на САД во Македонија, издаде безбедносно предупредување до граѓаните на САД кои планираат да патуваат, или престојуваат во земјава, да внимаваат поради потенцијално зголемување на криминалот за време на празниците, и во врска со дојавите за бомби во училиштата, трговски центри, министерства, полициски станици, хотели, каде има фрекфенција на луѓе.
Од Амбасадата апелираат на граѓаните на САД да внимаваат додека се движат на јавните места.
„Исто така, има пораст на пријавени закани за бомби повеќе пати неделно низ Скопје и регионот, на станици за јавен превоз, аеродроми, хотели, трговски центри, спортски центри и училишта. Локалните органи за спроведување на законот ја истражуваа секоја закана и досега сите закани за бомби беа лажни. Ако се најдете на локација што добила закана за бомба, следете ги упатствата на локалниот безбедносен персонал и полицијата на лице место“,се наведува во соопштението објавено на официјалната интернет-страница на Амбасадата на САД во Скопје.
Мерките на претпазливост што американската Амбасада им сугерира на граѓаните на САД да ги преземат се дополнителна будност на празнични фестивали и настани, места за богослужба и локации со голема гужва.
Исто така, американските државјани се советуваат да ги прегледуваат личните планови за безбедност, да бидат свесни за околина во која се движат, да ги следат локалните медиуми за да бидат во тек со настаните, да избегнуваат метежи и протести и да се држат настрана.
Претходно германското МНР испрати предупредување за нејзините граѓани поради се честите дојави за бомби.