ноември 23, 2024

Димитров за одлуката на Апелација: Срам за судството!

Одлуката на Апелација за поништување на пресудата на Основниот суд во случајот “Тврдина-Таргет” е срам за судството, институција со најмала доверба во државата што е на добар пат да ги изгуби и тие 8%. Одлука што е горчлив пораз на жедта за правда на целата нација, коментира поранешниот вицепремиер и министер за надворешни работи Никола Димитров.

Тој прашува:

Зарем година и половина им требаше да потрошат за ваква одлука, да поништат? И кога е јасно дека има ризик од застарување, што правиме со обврската да се суди во разумен рок?

Во најмала рака, дури и да имало апсолутна повреда на кривичната постапка во прв степен, што се разбира не можеме да знаеме бидејќи ја немаме пресудата, требало Апелација да одлучи мериторно – да ја потврди или преиначи пресудата на Основниот суд. Вака ем избегале од одговорност ем завршиле работа, предметот ќе застари.

Оваа кал драги политички партии е резултат на клиентелизмот, поставување на “наши” или “ваши” судии и обвинители, кои потоа должат и враќаат услуги.

И не, нема ЕУ ниту САД да ни го решат овој проблем. Можат да помогнат, но проблемот ќе мораме да го решиме ние, граѓаните, борејќи се против партизацијата. Се’ додека за способните и чесните нема место поради партиски лојалните, нема излез од овој грд круг.

Знаете всушност што нам ни треба?

Антипартија!

За да се бори за политика во интерес на општото добро, на нашето заедничко. За Републиката – Res Publica.

За политика со судир на идеи и визии, а не на бизнис и партиски кланови.

Read Previous

Османи: Ќе следуваат консултации дали Димовски ќе биде амбасадор, Апелација да ја објасни одлуката за Мијалков

Read Next

Германија ги предупреди своите граѓани да бидат внимателни кога патуваат во Северна Македонија поради дојавите за бомби