ноември 24, 2024

Леталото Орион слета на Земјата

Вселенското летало Орион на НАСА помина низ атмосферата на Земјата и слета во Тихиот Океан по патувањето без екипаж околу Месечината. Така беше завршена првата мисија на новата лунарна програма „Артемида 1“.

Капсулата имаше екипаж од три кукли со сензори за собирање информации за време на мисијата за стресот врз човечкото тело.

Американски воен хеликоптер и чамци први стигнаа до капсулата, а брод на американската морнарица ќе го пренесе во Сан Диего, Калифорнија.

Мисијата траеше 25 дена, а „Орион“ е уредот што го достигна најдалечното растојание од Земјата – 434.500 километри.

Read Previous

За првпат на Дебарско Езеро уловена риба сончарка

Read Next

Џафери: Никогаш, никаде и никому не сум вршел притисок за членови на семејство