ноември 23, 2024

Дојава за бомба и во полициска станица Беко

МВР излезе со соопштение за дојавите за бомби.

-Денеска (09.12.2022) околу 09.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на електронска адреса на седум средни училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна нaправа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите. Исто така, пријавено е дека на електронска адреса била упатена закана за поставена експлозивна направа и во ТЦ Ист Гејт, ТЦ Бисер, Транспортен центар, Флатирон и ПС Центар. Веднаш се преземени неопходните мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите, велат од МВР.

Read Previous

Модриќ: Не ни пречи Бразил да биде фаворит

Read Next

Гир: Преку државните институции да се бориме со корупцијата