ноември 22, 2024

Министерот Спасовски во Брисел ќе потпише обновени договори со Европската Комисија за борба против тероризам

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, утре во Брисел, Белгија во зградата на Европската Комисија  заедно со албанскиот министер за внатрешни работи Бледар Чучи и Еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон ќе  потпишат обновени договори за борба против тероризмот со цел спроведување на Заедничкиот план за акција за борба против тероризмот  во Западен Балкан.
Пред самото потпишување на договорот министерот Спасовски ќе оствари трилатерален работен состанок со  Еврокомесарката за внатрешни работи, Илва Јохансон и со министерот за внатрешни работи на Република Албанија,  Бледар Чучи на кој ќе се дискутира за управувањето со миграциите, особено ЕУ Акцискиот План за Западно Балканската рута, Извештајот за механизмот за суспензија на визи, организиран криминал и тероризам.

Read Previous

Претседателот на македонските писатели и Македонците во Србија го чествуваа Свети Климент Охридски во Белград

Read Next

Бугарија сака да постави спомен плоча на Гоце Делчев во Баница