ВМРО-ДПМНЕ бара градоначалничката на Скопје Данела Арсовска да си поднесе неотповиклива оставка од функцијата, затоа што според нив, таа е виновна за хаосот во градот. Исто така тие обвинија за коалиција на Арсовска со премиерот Ковачевски, и ја нарекоа коалицијата „Тачела“.
„Скопјани и Скопје, македонскиот политички, економски и здравствен центар, не смеат да бидат жртва на лукративност, криминогеност и тајни средби на коалицијата Тачела, Ковачевски и Данела Арсовска.
Бараме неотповиклива оставка на Данела Арсовска од градоначалничката функција во Град Скопје, а владата да ја напушти коалицијата Тачела, да ги одземе ингеренциите за јавниот градски превоз во Скопје и подмирување на долгот кон приватните превозници.
Смачена им е на скопјани. Данела Арсовска покажа целосна неспособност да управува со Скопје, покажа целосен недостаток на слух за проблемите, и со својата лукративност предизвика хаос во Скопје.
Тајните средби со Ковачевски и креирањето на монструозноста Тачела, предизвика целосен колапс на македонската метропола.
Градоначалник на Скопје не смее да бега од скопјани и медиуми, не смее да не се обиде да ги надмине проблемите, и уште повеќе не смее да биде главна причина за хаос во градот!
Тајните средби со Ковачевски и креирањето на монструозноста Тачела, предизвика колапс во Скопје.
Ниедна провизија и тајна коалиција не чини повеќе од девастацијата на животот во Скопје!“, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Стоилковски.