ноември 22, 2024

Под покровителство на македонското и бугарското МНР: Утре во Скопје ќе се одржи Бизнис форум

Под покровителство на министрите за надворешни работи на Република Северна Македонија и Република Бугарија, Бујар Османи и Николај Милков, утре, на 7-ми декември ќе се одржи Бизнис форум во Скопје.

Форумот се реализира под мотото “До една милијарда и понатаму”, во знакот на проекцијата од една милијарда евра трговска размена за оваа година меѓу двете земји.

На форумот активно ќе учествуваат над 150 претставници на бизнис заедницата на најголемите компании од двете земји, преставници на стопански комори, како и економски ресорни институции од двете држави.

Покрај официјалниот дел од програмата, предвидени се и бројни меѓусебни средби на претставниците на бизнисите од Северна Македонија и Бугарија, како и потпишување повеќе меѓусебни бизнис договори.

Дополнително на агендата во прилог, министрите Османи и Милков ќе одржат заедничка прес конференција со почеток во 10:15 часот.

Read Previous

Агелер: Збунувачки е процесот за избор на нов шеф на ОЈО ГОКК, корупцијата очигледно е најголемиот предизвик со кој се соочува РСМ

Read Next

Почина актерката Кирсти – имаше многу интересен живот, а овие работи можеби не ги знаете за неа