ноември 22, 2024

Украинските амбасади во Данска и Романија примиле крвави пакети

Украинските амбасади во Данска и Романија добија „крвави пакети“, изјави украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба.

Украинските амбасади во неколку европски земји на крајот на минатата недела добија пакети со животински очи. Никој не презеде одговорност за испраќањето на пакетите.

Минатата недела до Амбасадата на Украина во Мадрид беше испратено писмо-бомба. Слични експлозивни писма биле испратени и до други институции во Шпанија, вклучително и амбасадата на САД, Министерството за одбрана и компанија за оружје што произведува ракетни фрлачи, донирани на Украина.

Read Previous

Ахмети – Агелер: Го продолжуваме европскиот пат со целосна американска поддршка

Read Next

Агелер: Збунувачки е процесот за избор на нов шеф на ОЈО ГОКК, корупцијата очигледно е најголемиот предизвик со кој се соочува РСМ