ноември 21, 2024

Жоао Феликс е се подалеку од Атлетико Мадрид

Иднината на Жоао Феликс е се подалеку од Атлетико Мадрид. Феликс има договор со „ројибланкос“, но клупските челници не го сметаат португалецот како важен. Тој не успеа да се најде под водство на Диего Симеоне, па неговото заминување од „Метрополитано“ е се поблиску и поблиску.

Како што пренесува „Марка“, Атлетико Мадрид сака да го продаде Жоао Феликс во јануарскиот прозорец. Гигантите од Ла Лига се надеваат дека настапите на 23-годишниот фудбалер за Португалија на Светското првенство ќе доведат до зголемен интерес, кога повторно ќе се отвори трансфер пазарот.

Манчестер Јунајтед е меѓу оние кои се поврзуваат со Феликс, кој се уште е под договор со Атлетико до 2026 година.

Read Previous

Тирана новогодишно украсена, на плоштадот поставено „село за одмор“

Read Next

Владата го поништи државјанството на Онишченко