ноември 24, 2024

ССМ: Вработени во „Дрисла“ ја блокираа депонијата

Вработени во депонијата „Дрисла“, која ја менаџира Градот Скопје, денеска спонтано ја блокираа депонијата во знак на револт и протест поради тоа што добиле информација дека во следниот период ќе има отпуштања, како и дека нивните договори нема да бидат продолжени, информираа од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).

– „Дрисла“ е блокирана од работниците, сакаат да отпуштат 30 работници, т.е. да не им ги продолжат договорите. Само што ни јавија дека ја блокирале капијата на „Дрисла“, стои во Фејсбук објавата на ССМ.

Од ССМ дополнуваат дека станува збор за 30 општи работници на кои без никакво образложение не им биле продолжени договорите за работа, па во знак на револт тие не дозволуваат никој да влезе, ниту да излезе од депонијата, односно вработените го блокираат влезот на влезната капија.

– Со вработените беа и нивните синдикални претставници од Синдикатот СУТКОЗ при ССМ кој е единствен репрезентативен синдикат за комунални дејности. Борбата на работниците и синдикалците од СУТКОЗ и ССМ, после немилите случувања во јавните претпријатија „Комунална хигиена“, каде на повеќе од стотина работници не им беа продолжени договорите за работа и во „Водовод и канализација“, каде вработените се пред штрајк, се пренесува во сите скопски јавни претпријатија, поради тоа што работниците се загрозени од лошото менаџирање на Градот Скопје, па доколку ова продолжи, можен е целосен колапс во јавните претпријатија со кои менаџира градоначалничката Арсовска, наведуваат од ССМ.

Во депонијата „Дрисла“ се одлага најголемиот дел од отпадот во главниот град.

Read Previous

Повторно дојави за бомби во осум средни училишта во Скопје

Read Next

Ковачевски: Се укинува прогресивното оданочување и нема зголемување на даноците