ноември 23, 2024

Ковачевски: Лажна вест е дека скопјани ќе останат без греење, ќе има топли радијатори цела зима

Владата одлучи најтранспарентно да одлучува за производството и набавката на електрична енергија и ги повикувам сите чинители внимателно да ги следат податоците, рече премиерот Димитар Ковачевски при посетата на Кавадарци. Тој воедно кажа дека е обезбедено затоплување за сите жители на Скопје.

-Лажна вест е дека Скопје ќе остане без греење, тоа не е точно, бидејќи ЕСМ пред само три дена направи договор со Макпетрол и обезбеди гас за цел декември. Исто така, топланите денеска потпишуваат договор со ЕСМ, па ЕСМ ќе го преземе и затоплувањето во Чаир и Бутел, рече премиерот.

Тој додаде дека ќе се намалува увозот на електрична енергија во иднина, бидејќи наскоро сите домашни капацитети ќе бидат вклучени. Според него, набавка на струја во ноември се случила единствено поради ремонтите во домашните капацитети, кои веќе привршуваат.

Read Previous

Треба да имаме уво за пораките на Штајнамер: Дебатирајте со страст, но без собирање партиски поени за да ја остварите целта со далекусежни продобивки

Read Next

Османи учествуваше на вториот ден од НАТО Министерскиот состанок, што се одржува во Букурешт