април 8, 2025

Приведени крадци од тетовско

Вчера (28.11.2022) во 09.30 часот на улица ,,Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово, во присуство на родителите и службено лице од Центарот за социјални работи Тетово, лишиле од слобода двајца малолетници од Тетово и од тетовско Копанце.
Двете лица, половина час пред тоа на булевар „Благоја Тоска“ во Тетово, одзеле патничко возило „цитроен“ со тетовски регистарски ознаки.

Возилото било вратено на сопственикот А.А.(35) од Тетово и по документирање на случајот ќе биде изготвен соодветен поднесок.

Read Previous

Спасовски: Не користи мобилен додека возиш, не му е местото во сообраќајот!

Read Next

Започна официјалната посета: Претседателот Пендаровски го пречека германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер