Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека се уште жали за неговата одлука да се откаже од ископувањето литиум во Србија и дека „испадна оти е најглупавиот претседател на светот“. Вучиќ за ТВ Пинк, коментирајќи го протестот на еколошките активисти пред зградата на српската Влада, изјави дека владата не донела никаква одлука, туку на тоа одлучил сам.
„Не ми е јасно зошто протестираа пред влада, ако протестираат треба да протестираат пред претседателство, а јас ќе им се обратам и убаво ќе им кажам – вие ја уништувате државата, цената денес е 82.500 долари за тон литиум, со овие резерви тоа се 100 милијарди, затоа што разбирате што им правите на Јадра, Осечина, Ваљево и на целото Подриње“, рече Вучиќ