ноември 24, 2024

Овен Вилсон откри зошто ја кажува својата позната изрека во дури 27 филмови

Холивудскиот актер Овен Вилсон освои многу гледачи со своите улоги, а доколку сте негови лојални обожаватели можеби сте забележале како овој актер со години кажува „woow“ во своите филмови. Сега објасни зошто го кажува тоа.

Вилсон е најпознат по улогите во комедии, а често можеше да се слушне како извикува „woow“ во неговите филмови, што веќе му стана нешто како изрека. Изразот на лицето на Овен и малку исцрпеното „woow“ што го изговара многумина станаа препознатливи, што од улога во улога го прави овој „тик“ на актерот уште посимпатичен.

54-годишникот објасни зошто го кажал тој збор безброј пати од неговиот дебитантски филм Bottle Rocket од 1996 година, објаснувајќи дека тоа е еден вид „знак“ за неговите обожаватели.

„Тој збор е за моите вистински обожаватели и им делува како еден вид „намигнување“. Ако сте доволно среќни да бидете еден од луѓето во оваа група, тогаш тоа е мал сигнал за вас“, објасни актерот.

Read Previous

Петровска – Филипиду: Северна Македонија и Грција изградија интензивна сојузничка соработка во одбраната

Read Next

„Тесла“ повлекува над 80.000 возила во Кина