Евакуирано е основно училиште во Загреб, поради дојава за бомба, јавува „Индекс“. Полицијата врши пиротехнички преглед, а учениците се изнесени надвор од објектот.
До училиштето се наоѓа и градинка, а полицијата веќе истражува од каде доаѓаат закани.
Дојавите за бомби зачестија во последните неколку месеци. Имаше во Белград, а актуелни се и низ училиштата во Скопје, главно заканите ги добиваат средните училишта.