мај 16, 2024

Браќа физички се пресметале и повредиле во Кавадарци

Браќа физички се пресметале и повредиле во Кавадарци, Сузана Праниќ Талевска, државен советник во оддел за односи со јавност при Министерството за внатрешни работи.

– Денеска  во ОВР Кавадарци е пријавено дека по кратка вербална расправија во нивниот семеен дом во Кавадарци, настанала физичка пресметка помеѓу Т.Т.(75) и неговиот брат О.Т.(73). Притоа,  Т.Т. со остар предмет му нанел повреда на О.Т., додека О.Т. употребил  дрвен предмет, а потоа го одзел остриот предмет од братот и му нанел повреди на Т.Т. О.Т. е пренесен во Комплекс клиники ,,Мајка Тереза”, а Т.Т. во ЈЗУ Општа болница  Кавадарци за укажување на лекарска помош, појасни Праниќ Талевска.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Праниќ Талевска нагласи дека ова се првични информации. Засега не можат да дадат повеќе детали за случајот.

Read Previous

Русковска: Ќе се вратам во Скопското обвинителство

Read Next

Премиерот Ковачевски посети семејство во Охрид кое користи струја од фотоволтаици