ноември 23, 2024

Лебот од 65 сега ќе биде 60 денари – за Ковачевски тоа е заштита на стандардот на граѓаните

Со последните мерки за обезбедување евтина струја за прехранбената струја очекуваме да се намалат цените на лебот, млекото, брашното и другите основни прехранбени продукти до 10 проценти и да го заштитиме стандардот на граѓаните, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски.

На заедничката прес-конференција по средбата со француската државна секретарка за Европа, Лоранс Бун, тој уште еднаш подвлече дека ЕУ се покажа како партнер од доверба и ги исполни своите ветувања, а последната поддршка што ја доби земјава од Унијата е грантот од 80 милиони евра за справување со енергетската и економската криза.

Оваа поддршка доаѓа зашто ЕУ препозна дека сме одговорна Влада која одговорно менаџира со Буџетот. Токму со тој пристап изминатиот период можевме да ги вратиме парите на граѓаните кога е тоа најмногу потребно и да обезбедиме двапати антикризни мерки за заштита на најранливите категории на граѓани и за заштита на компаниите во износ од 760 милиони евра. Токму затоа можевме да обезбедиме и ликвидност за компаниите со што ги заштитивме работните места, а и континуирано да обезбедиме 80 проценти субвенционирана струја, како и евтина струја за да има непречено функционирање на виталните функции на државата, истакна премиерот.

Со таквото одговорно однесување, додаде Ковачевски, изминатиот период се обезбеди и зголемување на минималната лата на 18 илјади денари, зголемување на пензиите, на платите во образованието, во полицијата, здравството…

Read Previous

Алиоски: Треба да веруваме во себе и да одиграме на високо ниво

Read Next

Спасовски: Пријавите за бомби во училиштата се хибриден напад врз државата