ноември 23, 2024

МВР го демантира градоначалникот на Бутел: Локалната власт да не шири дезинформации кои ги вознемируваат граѓаните

Секторот за внатрешни работи Скопје при МВР најостро ги демантира дезинформациите објавени на фејсбук профилот на Дарко Костовски, градоначалник на општина Бутел, дека во последниот период, а посебно во текот на месец ноември на територијата на општина Чаир имало зголемен број на напади на малолетници кои живеат во населбите Бутел и Радишани, а кои ја користат автобуската линија број 57 од ЈСП Скопје, возејќи се од местото на живеење до централното градско подрачје и во обратен правец.

Имено, од 01.09.2022 година до 13.11.2022 година на посочената автобуска линија се случени два настани. Првиот на 06.11.2022 во автобуска линија број 57, каде нападнат е еден малолетник од страна на тројца малолетници и за кого сме известени од општа градска болница дека е примен пациент со лесни телесни повреди, а од страна на родителот укажано е дека не сака да го пријави настанот.
Вториот настан е пријавен на 13.11.2022 година во кој четворица малолетници се нападнати во автобус од автобуската линија број 57 од страна на пет лица, од кои тројца полнолетни и две малолетни лица. Веднаш се преземени соодветни мерки и сторителите се лишени од слобода од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција и предадени во Полициска станица Бит Пазар за понатамошна постапка. Извршен е разговор со приведените лица како и со сведоци за настанот, по што од страна на полициски службеници од Одделението за насилен криминал, Единица за насилен криминал при СВР Скопје следи кривична пријава за Насилство по член 386 од Кривичниот законик.

Ја известуваме јавноста дека, согласно однапред утврдени планови за постапување, на повеќе точки во градот поставени се полициски служби за спречување на нарушување на јавен ред и мир и извршување кривични дела, со посебен акцент на спречување на меѓуврсничко насилство.

Исто така, преземаме превентивни активности преку Одделението за превенција при СВР Скопје, пред се преку проектите „За безбеден град“ и „Безбедност во училиштата“ кои се одвиваат во училиштата на подрачје на град Скопје и придонесуваат за спречување на сите облици на насилство меѓу ученици како и други видови на девијантни појави.

Апелираме до претставниците на локалната власт да не шират дезинформации кои предизвикуваат вознемиренoст кај граѓаните. Секторот за внатрешни работи Скопје бил и ќе биде во служба на граѓаните, а воедно потврдуваме дека остануваме отворени за соработка со локалната власт , се во интерес на безбедноста на граѓаните. – се вели во соопштението од МВР.

Read Previous

Советот на ЈО го именува Абази за шеф на ОЈО ГОКК

Read Next

Реал Мадрид – Лука Модриќ, ново продолжување на договорот?