ноември 25, 2024

Ал Гор: Најбогатите сакаат само да ги земат резервите на гас

Глобалните лидери имаат проблем со кредибилитетот кога се во прашање климатските промени, изјави денеска поранешниот американски потпретседател Ал Гор во обраќањето пред присутните на Самитот за климатски промени COP27 во Египет.

Гор ги критикуваше најбогатите земји дека само се обидуваат да добијат пристап до ресурсите на гас во Африка.

„Сите имаме проблем со кредибилитетот. Работиме и почнуваме да работиме, но не правиме доволно. Мора да ја видиме таканаречената брканица за гориво, онака како што навистина изгледа. Брзање преку мост, кој не води никаде и ги остава земјите соочени со климатскиот хаос, а милијарди остануваат во изгубени средства, особено во Африка“ – нагласи Гор.

Според него, ерата на колонијализмот на фосилни горива треба да се остави зад себе.

Повеќе од сто светски лидери пристигнаа во египетското одморалиште Шарм ел Шеик на самитот за климатските промени или COP27.

Научниците истакнуваат дека климатските промени се најголемиот предизвик со кој се соочува Земјата, но аналитичарите не очекуваат големи резултати од самитот кој започна денеска и ќе трае до 18 ноември.

Read Previous

Почна лидерската средба меѓу претседателите на политичките партии

Read Next

Агенција за храна: Од пазарот се повлекува небезбедна серија од млекото „Милкано“