ноември 22, 2024

Црна Гора не планира аранжман со ММФ оваа година, задолжување кај домашните банки

Аранжман со ММФ не е опција за оваа година, најави министерот за финансии на Црна Гора, Александар Дамјановиќ. За парите што недостигаат, како што претходно беше најавено, државата ќе се обиде да се задолжи кај домашните банки.

Според Дамјановиќ, дали државата ќе биде принудена да бара помош од ММФ во 2023 година ќе зависи од исходот на енергетската криза и другите економски состојби во светот.

„Во текот на оваа година нема потреба од таков аранжман, оваа буџетска година ќе ја заокружиме според планираното, преку евентуално дополнително задолжување, што го овозможивме со буџетот на домашниот пазар и со традиционалните партнерски банки преку билатерални аранжмани “ изјави Дамјановиќ за црногорскиот јавен сервис.

„Некои посериозни нарушувања само би не натерале да бидеме внимателни, да бидеме блиски со ММФ и СБ, да разговараме за сите можни аранжмани. Тие не се единствената можна кредитна поддршка“, објаснува Дамјановиќ.

Read Previous

Разбиена мрежа на трговија со жени и нивна сексуална експлоатација во Атина

Read Next

Илон Маск го повлече барањето Пентагон да го финансира „Старлинк“ во Украина