ноември 22, 2024

Руски амбасадор во САД: Американската воена помош за Украина го зголемува ризикот од конфликт

Одлуката на Вашингтон да испрати дополнителна воена помош за Украина претставува закана за интересите на Москва и ја зголемува опасноста од воен конфликт меѓу Русија и Западот, изјави рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов.

„Го гледаме тоа како директна закана за стратешките интереси на нашата земја“, напиша Антонов на апликацијата за пораки Телеграм.

„Снабдувањето со воени производи што го вршат САД и нивните сојузници не само што носи долгорочно крвопролевање и нови жртви, туку и ја зголемува опасноста од директен конфликт меѓу Русија и западните земји“, напиша Антонов.

Read Previous

ЛДП е против формирање широка коалиција

Read Next

Владата ќе ги земе предид предлозите на опозицијата, ЕСМ ќе обезбеди греење за скопјани