ноември 22, 2024

ЛДП е против формирање широка коалиција

 ЛДП е апсолутно против широки коалиции кои може да предизвикаат поголема политичка криза, смета пратеничката од оваа партија Моника Зајкова.

Според неа, парламентарното мнозинство и Владата се стабилни и затоа не го дели ставот на  Павле Трајанов од Демократски сојуз дека се потребни широка коалиција и предвремени избори.

– Не би се согласила со оваа констатација на Павле Трајанов, затоа што, според она што го гледам во парламентот, мнозинството е стабилно, а можеме да видиме и дека Владата работи во полна пареа и ги менаџира предизвиците со кои се соочува. ЛДП е апсолутно против вакви широки коалиции, изјави Зајкова за ТВ Сител.

Read Previous

Продолжува комисиската расправа за кандидатурата на Јовески за уставен судија

Read Next

Руски амбасадор во САД: Американската воена помош за Украина го зголемува ризикот од конфликт