ноември 21, 2024

Шефот на чешката дипломатија Липавски денеска во Косово

Министерот за надворешни работи на Чешка, Јан Липавски ќе престојува денеска во Косово, каде што ќе се сретне со претседателката на државата, Вјоса Османи, јави дописникот на МИА од Приштина.

Од косовската Влада, пак, објавија дека Липавски ќе биде примен од вицепремиерот задолжен за евроинтеграции, Бесник Бислими, по што двајцата министри ќе одржат заедничка прес-конференција.

Средбата на Липавски се случува во реме кога Чешка, која во овој мандат претседава со Европската унија, ги интензивира напорите за либерализација на визите за Косово, за што на 13 октомври во Брисел свика седница на Работната група на Евеопската комисија.

Read Previous

По повод Меѓународниот ден на Бошнаците се одржа деветтиот поетски фестивал „Балканска вечер на поезијата“

Read Next

Променливо облачно со сончеви периоди