Во Домот на културата „Кочо Рацин“ се одржа деветти поетски фестивал „Balkansko veče poezije“- ” Балканска вечер на поезијата”- Скопје, на 27 септември, со почеток во 19:00 часот.
IX- Фестивал го отвори г-ѓа Размена Чекиќ Дуровиќ, Државен секретар во Министерство за економија, Влада на Репоблика Северна Македоније и г-дин Роберт Алаѓозовски, Национален координатор за интеркултурализам, едно општество, културен развој и меѓуресорска соработка во Владата на Република Македонија.
На деветтиот по ред поетски фестивал „Balkansko veče poezije“- ” Балканска вечер на поезијата”- Скопје, зедоа учество сите поети и поетеси кои кога пишуваат и творат во Република Северна Македонија. Од нивните поетски атари се излеваат стихови на нивиот мајчин јазик..
На IX- Фестивал се слушаа стихови на македонски, албански, босански, турски, хрватски, ромски, влашки и српски јазик. Овие песни носат идеја за зближување на народите и поттикнување на соживотот, а со тоа сме ја постигнале и нашата главна цел за мултикултурната разноликост. Ова шаренило од јазици со мозаички поетски слики од афирмирани поети, се одржува По повод Меѓународниот ден на Бошњаците, во организација на Младинската културна асоцијација на Бошњаците -„Шадрван“. На овој настан секоја година учество земаат поетите од сите национални заедници што живеат под нашето македонско сонце.
Затоа, нека оваа ” Балканска вечер на поезијата”- биде поттик и за понатаму да се осознаеме едни со други, да ја почувствуваме љубовта и тагата на нашиот ближен, да ја споделуваме радоста и среќата и да се подготвиме за творечката сеидба на следните изданија.
Во склопoт на оваа ” Балканска вечер на поезијата”- беше промовирана и поемата „Зулија“, од Бајро Перва (БиХ), која е преведена од босански на македонски јазик. Книгата ја промовираа; м-р Алмира Папиќ и проф. Аида Зукови, воедно и преведувачи на истата.
Во холот во Дом на културата” Кочо Рацин” можеа да се видат уметнички дела на сликари аматери: Хаснија Зековиќ, Маја Стојанова, Ениса Бектовиќ и Срна Тодоровска.
Покровител на настанот беше Град Скопје и Дом на култура „Кочо Рацин“.