ноември 24, 2024

Ковачевски: Инвестираме во патна инфраструктура, 70 милиони евра во време на криза

Премиерот Димитар Ковачевски се обрати на настан по повод презентација на „Проектот за поврзување на локалните патишта”. На настанот свои обраќања имаа и министрите за транспорт и врски Благој Бочварски, за внатрешни работи Оливер Спасовски, а свое видео обраќање имаше и Масимилијано Паолучи, директор на канцеларијата на Светска Банка во земјава.

Премиерот Ковачевски истакна дека преку овој проект, со 70 милиони евра обезбедуваме подобра инфраструктура и ги реконструираме локалните улици и патишта во сите 80 општини низ државата и Град Скопје.

Ова е најкрупниот и најзначајниот проект за општините, каде со директна помош се подобрува инфраструктурата на локално ниво. Проектот се реализира од 2020 година и до сега се опфатени над 90 улици во 44 општини. Согласно планот, вкупно за реконструкција се планирани околу 450 километри локални улици и патишта во сите 80 општини, до 2024 година. Еден од стратешките приоритети на Владата е развој на функционална, безбедна и одржлива инфраструктура како клучен фактор за создавање рамнотежа во економијата и во општествениот и регионален развој, заштита на животната средина и подобрување на конкурентноста во државата. Развиена локална инфраструктура, значи и развиена економија. Со овој проект обезбедуваме подобра инфраструктура во општините, го олеснуваме животот на граѓаните, го подобруваме урбаното живеење, обезбедуваме локален економски развој, безбедност во сообраќајот и подобра комуникација меѓу граѓаните. Општините добиваат неповратни средства што е од огромна корист за нив да се реконструираат улици и патишта кои се приоритетни за граѓаните”, рече Ковачевски.

Во своето обраќање премиерот Ковачевски истакна дека само преку пет поголеми проекти, меѓу кои и „Проектот за поврзување на локалните патишта”, инвестирани се над 250 милиони евра во општините

Read Previous

Ковачевски негира дека не реагирале на провокации од страна на Бугарија

Read Next

Митева: МОН плати 500.000 евра за скрипти, а учебници нема!