Премиерот Димитар Ковачевски, во одговор на новинарско прашање дека властите не реагираат кога се работи за бугарски провокации, а од друга страна МНР експресно излезе со реакција за говорот на омраза за синоќешниот натпревар меѓу Македонија и Бугарија, вели дека секогаш се реагира кога има дејствија кога се нарушува углед по било која основа.
– Не е точно дека не сме реагирале, ние секогаш сме реагирале кога има дејствија кога се нарушува углед по било кој основ. МНР реагираше, но реагиравме и на друг натпревар во којшто играа репрезентациите, но сепак сметам дека најдобар начин да се навива е да се бодри сопствениот тим и да се почитуваат противниците. Тоа важи за нас секако, но важи секако и за нашите противници, рече Ковачевски по настанот за презентација на Проектот за поврзување на локалните патишта.