Тренерот на италијанскиот калчолигаш Интер, Симоне Инзаги ја презема одговорноста за очајниот старт на сезоната на „нероаѕурите“ во Серија А. Тимот од Милано во првите седум кола доживеа дури три порази и со 12 бода во моментов е на седмото место на табелата во шампионатот.
Соочен и со повреди на клучните фудбалери, Инзаги сепак не сакаше да бара изговори.
„Вината е само моја. Лошо ја почнавме сезоната, но ништо не е изгубено. Во игра сме и во шампионатот на Италија и во Лигата на шампионите. Верувам дека наскоро ќе почнеме да бележиме добри резултати. Интер ќе се врати посилен по репрезентативната пауза“, изјави Инзаги.