Рускиот претседател Владимир Путин истакна дека земјите во развој добиле минимална количина на жито извезено од Украина, пренесува Раша тудеј.
„Западните држави лажеа кога тврдеа дека на Украина и е потребен пристап до поморската трговија за да се ублажат зголемените цени на храната и ризикот од глад во сиромашните земји“, рече Путин.
Поголемиот дел од товарот што ја напушти Украина според договорот со Русија со посредство на Турција и ОН отиде во ЕУ, рече Путин во говорот на Источниот економски форум во Владивосток во средата.
Тој додаде дека најверојатно треба да се сменат условите на испораките.