ноември 23, 2024

Вицепремиерката Грковска: Османи треба да каже дали Бесмира Ејупи е вработена во МНР

Министерот за надворешни работи има обврска да биде транспарентен и да ја информира јавноста дали таа личност е вработена во институцијата, во каква постапка и зошто е токму таа избрана за таа позиција.

Вака на прашање на ДВ одговори заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска, по нетранспарентноста околу случајот со Бесмира Ејупи, кој од февруари годинава ја бранува јавноста, а кулминира овој месец со тврдење на опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека тоа лице е вработено во  Министерството за надворешни работи.

Сѐ започна во февруари годинава, кога дел од медиумите објавија дека 28-годишната телевизиска презентарка на затворена седница на Владата била  предложена за генерален конзул во Њујорк,  иако немала соодветни кавалификации за таа позиција. По реакциите во јавноста, според непотврдени податоци, на друга затворена седница наводно Владата ја повлекла ваквата одлука, но надлежните тогаш тврдеа дека таков предлог немало и дека не го познаваат лицето за кое пишуваат медиумите.

Read Previous

Таравари: Алијанса ќе гласа за уставните измени само ако се избришат „20 отсто“ од Уставот

Read Next

„Гаспром“ со видео порака до Европа: „Зимата ќе биде долга и темна“